Рускиот Врховен суд ќе одлучува дали Азовскиот полк е терористичка организација

Припадници на Азовскиот полк на парада во Мариупол во 2021 година / фото: Wikimedia Commons/Wanderer777

Руските власти побараа од својот Врховен суд да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација.

Според руската новинска агенција Интерфакс, Министерството за правда во Москва соопштило дека судскиот случај „за прогласување на украинската паравоена националистичка група „Азов“ (други употребени имиња: баталјон „Азов“, полк „Азов“) како терористичка организација и забраната за нејзините активности на територијата на Руската Федерација, е закажан на 26 мај“.

Ова се случува во момент кога украински борци, од кои многумина се припадници на Азовскиот полк, се евакуираат од челичарницата „Азовстал“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков претходно одби да коментира дали бранителите на челичарницата – кои сега се во руски притвор – ќе бидат третирани како воени затвореници или како воени злосторници.

Азовскиот полк е формиран во 2014 година, веднаш откако Москва го анектираше јужниот украински полуостров Крим, за да се бори против руските сили и проруските бунтовници во источниот регион Донбас.

Некои борци од Азов имале врски со националистички и екстремно десничарски групи. Полкот подоцна беше вклучен во Националната гарда на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот