Рускиот воен персонал се обучува во Иран за користење на ракетниот систем Фат-360
Десетици руски војници се испратени во Иран на обука за користење на балистичкиот ракетен систем Фат-360 од близок дострел. пишува Ројтерс.
Европски разузнавачки извори во изјава за медиумот потврдиле дека претставници на руското Министерство за одбрана потпишале договор на 13 декември во Техеран со ирански официјални лица за Фат-360 и друг балистички ракетен систем изграден од иранската владина организација за воздушна индустрија наречен Абабил.
Еден од изворите истакнал дека „единствениот следен можен“ чекор по обуката ќе биде вистинското доставување на ракетите во Русија но не може да се потврди кога тоа би можело да се случи.
Соединетите Американски држави одбија да ја потврдат информацијата за можна испорака на балистички ракети, но Џон Кирби, координатор на Советот за национална безбедност во Белата куќа, нагласи дека НАТО и сојузниците од Г7 се подготвени за „брз и остар одговор доколку Иран направи таков трансфер“.
Иранските ракети земја-земја со краток дострел, Фат-360, имаат дијаметар од 300 mm и тежат 850-1100 килограми.
Лансерите можат да бидат базирани на камион на тркала што може да се маскира како цивилно возило.
Исто така, се претпоставува дека новиот ирански ракетен систем ќе може да го користи рускиот сателитски навигациски систем „ГЛОНАСС“.