Рускиот Ростов го испрати Тошевски на нова позајмица

тошевски
Давид Тошевски е нов играч на словачкиот клуб Земплин Михаловце/Фото: Róbert Andrejov/mfkzemplin.sk

Денеска рускиот фудбалски клуб Ростов ја информираше јавноста дека Давид Тошевски (20) оди на позајмица во Земплин Михаловце од Словачка.

Македонскиот напаѓач до крајот на 2022 година ќе ги брани боите на Земплин Михаловце кој настапува во најсилната словачка лига и моментно се наоѓа на деветтото место со 23 бодови.

Есенскиот дел од сезоната нашиот играч го помина на позајмица во редовите на полската екипа Горник Забже со четири настапи и три голови.

Поранешниот член на Работнички не е засега приоритет на Ростов, пред да се пресели во Полска беше и на позајмица во рускиот клуб Тамбов.

Словаците го најавуваат Тошевски како еден од најголемите македонски фудбалск таленти, кој од Работнички во Ростов во летото 2020 година направи трансфер вреден 900.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот