Рускиот регулатор бара да се поништи регистрацијата на „Новаја Газета“

Новаја Газета/ Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Рускиот медиумски регулатор поднесе судско барање за укинување на регистрацијата на независниот весник „Новаја Газета“, објавено е денеска на веб-страницата на судот.

„Новаја газета“, симбол на независните медиуми во Русија од 1993 година, ја прекина својата работа во земјата во март по предупредувањето од државниот регулатор за комуникации Роскомнадзор и мораше да ја отстрани целата содржина од својата страница во врска со руската инвазија на Украина.

Доколку се поништи регистрацијата, новинарите на Новаја Газета ќе го изгубат правото на работа доколку весникот ја рестартира својата работа во Русија.

Дел од редакцијата започна европско издание во Рига, Летонија, кое во април беше блокирано во Русија.

Издавачката куќа Ригас Вилни, која го издава весникот, во мај соопшти дека Новаја Газета Европа е „публикација создадена од хонорарни руски новинари кои биле принудени да емигрираат”.

Долгогодишниот уредник на Новаја Газета и добитник на Нобеловата награда за мир Дмитриј Муратов остана во Русија и покрај неговото гласно противење на конфликтот во Украина.

Во април беше нападнат од поддржувачи на војната, кои го посипаа со црвена боја.

Новаја Газета е ко-основана од Михаил Горбачов во 1993 година. Тој остана единствениот весник во земјата што го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот