Српските служби започнаа да ја „составуваат сложувалката“ за шпионската афера

Фото: Принтскрин

Рускиот разузнавач Георгиј Клебан, кој беше забележан на снимките како разменува пари со српски офицер, сега е надвор од Србија, рече вечерва Реља Жељски, началник на Управата за аналитика на Безбедносно-информативнатa агенција на Србија (БИА).

Жељски потврди за националниот сервис РТС и дека домашните безбедносни сили го знаат идентитетот на човекот со офицерски чин, како и што било предмет на трговија, но не сакаше подетално да зборува за тоа, бидејќи случајот спаѓа во „чувствителната територија на оперативното собирање и анализарање на податоци“.

БИА претходно денес потврди дека снимката е автентична. Жељски рече дека сцените кои може да се забележат на снимката се „чести во разузнавачките кругови“ и дека домашните разузнавачки служби ја „составуваат сложувалката“ со сите детали во врска со неа.

– Ова е многу реална ситуација и би биле зачудени колку често се вакви настани се случуваат на улиците на Белград и низ другите градови ширум светот – рече Жељски, додавајќи дека сцените на прегрнување со агентот на снимките „не се неочекувани, ниту пак спектакуларни“.

– Рускиот разузнавач се однесува природно на оваа снимка, а во моментов е надвор од територијата на Србија. Ова е еден во низа на начините на кои работат припадниците на разузаванчките структури и нивните агенции – истакна тој.

Претседателот Александар Вучиќ за утре закажа седница на Советот за национална безбедност поради скандалот кој ја потресе целата српска јавност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот