6.8 C
Скопје

Рускиот проблем: НАТО

Нервозата на Москва не е од вчера, туку уште откако изгуби неколку важни геополитички битки, па сега се обидува некако да го стави под свое влијание она што сè уште го нема во Северноатлантскиот сојуз

Во изјавата на 18 март, Руската амбасада во Сараево експлицитно се спротивстави на приемот на Босна и Херцеговина во НАТО. Тоа не беше изненадувачки, а можеби и ќе беше брзо заборавено, ако не се работеше само за остри предупредувања, туку и за најава на можна реакција на „ова е непријателски чекор“. Која би била таа реакција, не е конкретизирано, но и самата таква опција е причина за разни приказни, па дури и некаква вознемиреност.

Сепак, јас не би сакал да се занимавам со шпекулации. Руската Федерација е голема светска сила, но мислам дека поминаа времиња кога некој е принуден да стори или да не направи нешто, бидејќи во геополитиката има повеќе страни и, по правило, еден потег повлекува друг.

Присилна и (или) слободна волја

Во споменатата изјава и подоцнежните објаснувања, Руската амбасада презентира неколку негативни тези за НАТО, кои не се точни, но нивната цел е да ја предомислат земјата кандидат од членството, за да биде воено неутрална. А, се работи за следното: НАТО не наметнува избор на надворешно-политички приоритети; не принудува никого да се приклучи во неговите редови; не ги присилува членовите да ги испраќаат своите војници во мисии за таму да загинат; не ѝ диктира на ниту една членка непријателски однос кон Русија… НАТО само ги наведува предностите од членството, бидејќи проширувањето на Алијансата има гео-економски ефекти. Иако станува збор за воено-политички сојуз, а не за политичко-економска интеграција, приклучувањето кон НАТО носи безбедност и стабилност, тоа е знак дека владеењето на правото функционира и ги олеснува странските инвестиции, што навистина им е потребно на земјите во транзиција.

Негативниот став на Русија кон НАТО датира од времето кога таа беше дел од Сојузот на советските социјалистички републики (СССР), која во 1955 година во Варшава го воспостави воениот сојуз на државите од Источниот блок, наречен Варшавски пакт, како одговор на создавањето на западната Северно-атлантска организација. Беше тоа време на Студената војна меѓу САД и СССР од 1945 до 1991 година што се водеше со сите можни средства, но никогаш не прерасна во вооружен судир од светски размери.

Варшавскиот пакт како воена структура беше распуштен во 1991 година, кога се распаднаа и СССР и Руската Федерација. НАТО остана, но постоеја претходните антагонизми меѓу големите сили. „Денес е време Русија и НАТО да престанат да се гледаат низ призмата на Студената војна“, вели Фјодор Лукијанов, уредникот на влијателното списание „Глобал афеарс“. Тој потсетува дека со почетокот на политичките промени во спротивниот блок, НАТО ја исполни својата цел, бранејќи ги своите членки без да испука куршум, бидејќи ја принуди спротивната страна која и така се засноваше на принуда, а не на слободна волја за здружување, да пропадне самостојно.

Штит за затегнатост

Со распадот на Источниот блок и со губењето на ефективната советска контрола врз Истокот на европскиот континент, а особено со распадот на СССР, започна нов период во кој НАТО се соочи со нови предизвици и мораше да ја најде целта на своето постоење. И покрај противењето на Русија, НАТО започна да продира во Источна Европа и во првиот круг во 1999 година беа примени Чешка, Унгарија и Полска, а во вториот во 2004 година – Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија и Словачка и со тоа беа вклучени региони во кои алијансата никогаш порано не била присутна, а со тоа нејзината граница се совпаднала со граничната линија на поранешниот СССР. Со текот на времето, НАТО ги прошири своите воени бази во Европа, со пет од нив стационирани во Германија и две во Италија и Белгија.

Потоа НАТО постави антиракетен штит во Полска и Романија, кој чинеше 800 милиони долари, а според Москва не претставува заштита од можни ирански ракети, туку е насочен против Русија. Портпаролот на Кремлин, Дмитриј Песков, оцени дека штитот е инсталиран за да се одржи ситуацијата во Русија на соодветно ниво на затегнатост и тврди дека станува збор за кршење на договорот меѓу САД и Русија за елиминација на ракети од среден и долг дострел, потпишан во 1987 година, бидејќи овие системи можат да лансираат и ракети пресретнувачи и крстосувачки ракети „томахавк“.

Имајќи го сето ова на ум, не е проблем само за Руската Федерација што БиХ е сè поблиску до членство во НАТО, туку тие се вознемирени што овој воен сојуз им се приближи на нивните граници и го презема и поголемиот дел од Европа. Затоа, нервозата на Москва не е од вчера, туку уште откако изгуби неколку важни геополитички битки, па сега се обидува некако да го стави под свое влијание она што сè уште го нема во Северноатлантскиот сојуз.

Преземено од „Ослобоѓење“ од Сараево

Поврзани вести

Брнабиќ: Од дијалогот Белград – Приштина зависи стабилноста на целиот регион

Слободен печат

ВИДЕО | Настап полн емоции – Васил Гарванлиев настапи на првото полуфинале на Евросонг

Слободен печат

Заев од Брисел: Го очекуваме тоа што ни е ветено

Слободен печат

Ќе се дополнува законодавството за легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот

Слободен печат

Петровска: Инспекторите се на терен, ова ќе биде жешка недела

Слободен печат

Николовски: Побарав брзи и темелни информации за случајот со спорниот мазут, рокот за достава е 14 дена

Слободен печат

Остави Коментар