Рускиот премиер за суспензијата: Имаме проблем - Слободен печат

Рускиот премиер за суспензијата: Имаме проблем

Долгогодишните проблеми со допингот и неработењето да се исправат работите, денеска ја чинеа Русија суспензија од сите големи натпреварувања во наредните четири години.

Иако одлуката е ригорозна, за многумина е правична бидејќи сметаа дека изминатите години постојано и се прогледуваше низ прсти на Русија за проблемите со допингот и со манипулацијата на примероците.
Рускиот премиер, Дмитриј Медведев не сакаше да ја избегне оваа тема и призна дека спортистите од неговата земја имаат проблем со допингот.

– Невозможно е да се игнорира одлуката на ВАДА која се однесува на нашите спортисти. Не сакам сега да правам детална анализа, но неодамна во едно интервју реков дека во конкретниов случај очигледно е дека постојат проблеми со допингот и тоа не смееме да го одрекуваме – изјави Медведев.

Прочитајте и...  ВО СЕЌАВАЊЕ НА ЛЕГЕНДАТА: Коби Брајант со македонското знаме

Одлуката на ВАДА ја поздрави и поранешниот директор на московската анти-допинг лабораторија, Григориј Родченков, кој пред две години пребегна во САД и се смета дека е еден од клучните фигури кои и достави докази на ВАДА за системскиот допинг во Русија.

– Долго ја чекав денешната одлука за кршење на кодексот за антидопинг. Измамите, лагите, фалсификувањето во незамисливи размери конечно дојде за наплата. Но тоа не е се, тие кои се вмешани во корупција во атлетиката, кревањето товар, скијање, биатлон, боб санкање… треба реатроактивно да бидат казнети, а примероците од ОИ во Лондон и во Сочи да се преиспитаат.

Постои цела генерација на чисти спортисти кои мораа да ги напуштат своите соништа и ги загубија наградите поради руските измамници. Мора да се преземад најодлучни акции за да ја обновиме правдата во спортот – изјави Родченков за „Тајмс“.

Прочитајте и...  Синиша Михајловиќ повторно примен во болница

Прочитај повеќе

Милан ќе му оддаде почит на Коби Брајант! (ВИДЕО)

Слободен печат

Ливерпул „немаше“ среќа, Руни против Манчестер јунајтед! (ФОТО)

Слободен печат

Успешни прегледите, Интер ќе го промовира Ериксен! (ФОТО)

Слободен печат

Коланџело: Коби Брајант во „Куќата на славните“!

Слободен печат

Димитриевски го продолжи договорот со Рајо Ваљекано! (ФОТО)

Слободен печат

Играчите на Барселона не му „веруваат“ на Сетиен!?

Слободен печат

Остави Коментар

six + one =

Прочитај повеќе

Денот кога Коби Брајант постигна 81 поен! (ВИДЕО)

Слободен печат

Би-Би-Си се посрамоти: Наместо Брајант го „погреба“ Леброн Џејмс

Слободен печат

Хрватските ракометари пречекани од 10.000 навивачи во Загреб (ВИДЕО)

Слободен печат

МЗТ Скопје си донесе центар на Турција

Слободен печат

Надал посилен од Кирјос за 12. четвртфинале на Австралија Опен.

Слободен печат

Фановите покренаа петиција да се смени логото на НБА во чест на Коби

Слободен печат