Рускиот министер за здравство предупредува: Коронавирусот најтешко ги погодува срцето и белите дробови

Рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко тврди дека коронавирусот најтешко ги погодува срцето и белите дробови, особено ако пациентите имаат тежок облик на Ковид-19.

„Можеме да видиме дека на оние кои ја прележуваат инфекцијата на коронавирусот, особено во нејзиниот тежок облик, секако им е потребна рехабилитација. Најранливи органи и системи се белите дробови. Друго значајно прашање кое исто така бара лекарска помош се срцевите проблеми, особено миокардитис“ напоменува рускиот министер.

Мурашко вели дека не се препорачува физичка активност поради силната исцрпеност.

„Згора на тоа, болеста која е прележана не овозможува обновување на функционалноста и капацитетот на белите дробови“ додал тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот