„Рускиот Дикаприо“ го испратиле да се бори во Украина откако премногу се здебелил и си ја уништил кариерата

Фото: Not supplied / WillWest News / Profimedia

Роман Бурцев (41), Русин познат како двојник на холивудскиот актер Леонардо Дикаприо, добил покана да ѝ се придружи на војската на Владимир Путин, откако вишокот килограми му ја уништи актерската кариера, пишува „Сан“ (The Sun). 

Фото: Not supplied / WillWest News / Profimedia

Двојникот на Дикаприо, кој се прослави глумејќи го американскиот актер, откри дека пропуштил многу нови деловни можности откако се здебелил. Тој се надевал дека улогата на двојник ќе му донесе слава, богатство и семејство, но ангажманите во рекламите, како онаа за вотката „Five Lakes“ сепак не биле доволни.

Фото: Not supplied / WillWest News / Profimedia

Пред да почне да работи како двојник на Дикаприо, Бурцев бил ИТ специјалист. Пред да замине во војска, „рускиот Дикаприо“ живеел со своите родители и една мачка во изнајмен државен стан во Подолск, во близина на Москва. Бурцев е всушност осум години помлад од холивудската ѕвезда.

Бидејќи неговата актерска кариера не вродила со плод, повремено работел на пазар и во продавница за железарија, но тоа финансиски не му било доволно, па завршил во војската на Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот