Рускиот авиопревозник „Нордвинд” ја презентираше понудата пред македонската деловна јавност

Руски авиопревозник Нордвинд фото МИА

Рускиот авиопревозник „Нордвинд” денеска во Скопје потпиша договор за соработка со ТА „Атлас плус” членка на Македонско-руска стопанска комора, со што таа станува генерален агент за продажба на авиобилетите на руската авиокомпанија за македонскиот пазар.

По потпишувањето на договорот, авиокомпанијата „Нордвинд” ги презентираше своите можности и понудата на услуги. Од авиокомпанијата „Нордвинд” истакнаа дека се задоволни што доаѓаат во уште една балканска земја и се надеваат на нови патници. За време на презентацијата тие ги најавија и своите летови за период ноември 2021 ‒ март 2022, како доказ, според нив, за посветеноста и инвестицијата во овој пазар.

„Нордвинд” на 4 јуни годинава ја воспостави директната линија Скопје-Москва со по два лета неделно – во понеделник и петок, со што по 20-годишна пауза, повторо се воспостави воздушната врска помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот