Руски војник осуден на пет години затвор, оти одбил да служи воен рок

Руски војник Мариупол
Фото: Maksim Blinov / Sputnik / Profimedia

Воениот гарнизон на рускиот град Уфа во Република Башкорстан го осуди Марсел Кандаров, 24-годишен воен припадник на пет години затвор поради избегнување да служи воен рок за време на мобилизација, пренесоа руските медиуми.

Судот утврди дека во мај 2022 година Кандаров „не сакал да учествува во специјална воена операција” и одбил да се пријави на воена служба.

Во септември 2022 година, тој беше откриен од припадници на службите за борба против криминал, со што се „заврши неговото бегство”, се наведува во соопштението.

Павел Чиков, шеф на групата за човекови права Агора, на крајот на октомври информира за првата кривична постапка за воено отсуство во Русија против Роман Каштаков, жител на Јакутија.

На крајот на декември се појави веста дека воениот гарнизонски суд во Уфа го осудил Салават Мирасов (27) на три години затвор за неовластено напуштање на службата за време на мобилизација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот