Руски воени експерти со нова воена стратегија против можен американски десант на нивна територија

Руски воен брод/ Фото EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Руските воени експерти предложија нов метод за борба против потенцијалното слетување и истоварување на американската армија од морето на руска територија.

Станува збор за синхронизирана употреба на авијацијата и на рој мали офанзивни дронови за изведување на вооружени напади .

Руски воени вежби/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Како што е наведено во написот објавен во весникот „Воздухопловни и вселенски сили. Теорија и практика “, Русија има долга морска граница, ја развива Северната морска рута,а од друга страна постојат претензии на руската територија на Далечниот Исток и други региони, а во тек е натпревар за освојување на ресурсите на Арктикот. Научниците истакнуваат дека актуелното прашање е ефективни начини за борба против можен воен десант врз Русија од море.

„Денес, можниот противник значително ги зголеми своите борбени способности за слетување од морето со вклучување нови универзални бродови за десант и искрцување и потоа освојување на дел од руска територија “, велат експертите, додавајќи дека американските сили поседуваат различни амфибиски возила со кои можат да навлезат на руско копно

Руски воени авиони/ Фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Тие предлагаат силите на евентуалниот непријател да бидат нападнати со мали дронови пред да слетаат.

„ Откако ќе бидат забележани непријателските трупи беспилотните летала би биле упатени во одредена област и, со помош на противпешадиски мини и муниција од мал калибар, ја напаѓаат армијата, хеликоптерите и авионите кои с епревезуваат на палубите на бродовите , и ги уништуваат непријателските радарски антени “, велат руските воени научници.

Во исто време, беспилотните летала фрлаат мали радио станици врз непријателските бродови, кои емитуваат радио сигнали и на тој начин ги означуваат целите за хеликоптерите и авионите кои потоа би биле уништени од руските наведувачки ракети.

Руска морнарица/ Фото EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Авторите на статијата посочуваат дека таквите активни акции ќе овозможат распоредување на оружјето на копнените сили на брегот и, на крајот, ќе ги расипат воените освојувачки планови на противниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот