Руски воен ловец се обидел да пресретне американски авион (ВИДЕО)

Фото: EPA

Рускиот борбен авион СУ-27 се обидел да го пресретне американскиот воен авион Боинг П08А, кој се приближил до границата со Русија, соопштило руското Министерство за одбрана.

Се пренесува дека руското летало и се „приближило на целта на безбедна оддалеченост“, идентифицирајќи ја како американски извиднички авион П-8А Посејдон.

Потоа, како што информираат руските портали, американскиот авион „веднаш го променил правецот на летање и се оддалечил од руската државна граница“.

И пред еден месец се случил сличен инцидент, кога руски борбени авиони се обиделе да пресретнат американски стратешки бомбардери кои летале кон руската граница од правец на Црното море, пренесуваат руските агенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот