Руски виролози пристигнаа во Ломбардија, им помагаат на лекарите во борбата против вирусот (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Руски воени виролози пристигнаа во Италија за да им помогнат на лекарите во Ломбардија во борбата против коронавирусот, соопштено е денес од руското Министерство за одбрана, пренесува „Тасс“.

Во заедничка акција на рускиот воен тим за радиолошка, хемиска и биолошка одбрана и италијански воени експерти, извршена е дезинфекција на 4.000 квадратни метри на болници и болнички кругови, во рамки на договорот за руска помош кој минатата недела го постигнаа рускиот претседател Владимир Путин и премиерот на Италија Џузепе Конте.

Во периодот од 22 до 25 март во Италија слетаа 15 воени руски авиони со околу 100 експерти на руското Министерство за одбрана.

Вкупниот број на заразени во Италија достигна 86.500, што ја надмина бројката на заболени во Кина.

На болеста и подлегаа повеќе од 9.000 Италијанци, а 11.000 се оздравени од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот