Руски тренер се обидел да подмити допинг контрола, исфрлен на четири години

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана го казни рускиот тренер во атлетика, Андреј Јеременко со четири години бидејќи се обидел да поткупи членови на Руската антидопинг агенција (Русада) во 2017 година.

За време на рускиот атлетски шампионат, атглетичарката Јулија Малуева прво се обидела да ја избегне задолжителната допинг контрола, а потоа нејзиниот тренер Јеременко се обидел да поткупи член на Русада и барал да не биде пријавен.

Дисциплинската антидопинг комисија во 2018 година одлучила дека Јеременко не е виновен, но Русада одлучи да се жали во ЦАС кој ја прифати жалбата и по две години, донесе одлука да го исфрли на четири години Јеременко.

Неговата атлетичарка, Јулија Малуева уште во 2018 година доби четиригодишна суспензија поради избегнување на допинг контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот