Руски тенк за „нуклеарна апокалипса“ – воено возило од 42 тона кое развивало 80 километри на час

Фото: Твитер/AndreiBtvt

Во областа на Ростов во Русија е пронајден стар тенк „Ладога“, кој го има прекарот „возило за нуклеарна апокалипса“, пишува „Росијска газета“.

Според информациите на овој портал, произведени се вкупно пет возила од овој модел. Тие се нарекуваат и „тешки лимузини“, бидејќи требало да се користат како командно-штабни возила за високи политички и воени официјални лица на СССР.

Тенковите, во кои може да влезат шест луѓе, биле добро заштитени од оружјата за масовно уништување, а токму поради тоа биле тешки по 42 тони.

Конструкторите од Ленинград го опремиле ова оклопно возило со силни вентилациски клима-уреди. Тие, меѓу другото, за тоа време имале и најнапредни и современи системи за врска и надгледување, телевизиски камери и уреди за контрола на животната средина.

Првиот тенк е направен на почетокот на осумдесетите години, на база на шасијата од тенкот Т-80 и моторот GTD-1250. И покрај големата тежина, овие тенкови можеле да се движат до 80 километри на час.

Фото: Твитер/Artem Beliakov

Возилото било тестирано во 1986 година во Чернобил, заради извидување на околината. Подоцна, искуството од правењето на овој модел е искористено за поновите верзии на руски тенкови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот