Руски суд сака да му ја одзеде ќерката на таткото бидејќи девојчето нацртало антивоен цртеж

Фото: Твитер

Руски суд сака да му ја одземе ќерката (13) на таткото, откако таа нацртала антивоен цртеж за време на часовите по уметност во училиште, пишува „Скај њуз“. Алексеј Москалиев и неговата ќерка Маша го привлекоа вниманието на руската полиција минатиот април кога тинејџерката нацртала антивоен цртеж на кој е прикажана жена која штити дете од ракети и украинското и руското знаме.

Цртежот го пријавила нејзината учителка, па агенти на руската тајна служба ФСБ ја посетиле Маша на училиште, објави независната организација за човекови права ОВД-Инфо. Неколку дена подоцна, нејзиниот татко бил обвинет за „дискредитација на руската армија“ со антивоени коментари што ги објавил на социјалните мрежи.

Во декември била отворена кривична постапка против Москалиев, а неговата ќерка била преместена во сиропиталиште. Денеска ќе се одржи рочиште на кое ќе се одлучи дали на Москалиев дополнително ќе му се ограничат родителските права. Доколку судот донесе таква одлука, неговата ќерка Маша може формално да биде задржана во сиропиталиште

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот