Руски рапер се самоуби бидејќи не сакал да војува за Путин

Иван Витаљевич Петунин
Иван Витаљевич Петунин / Фото: Инстаграм, Иван Витаљевич Петунин

Руски рапер се самоуби за да ја избегне регрутацијата да се бори во војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, среде егзодусот предизвикан од хаотичната делумна мобилизација на рускиот лидер – додека илјадници мажи, жени и деца бегаат преку границата во соседните земји.

Се верува дека Иван Витаљевич Петунин, кој го носел уметничкото име Воки, се самоуби во саботата во јужниот руски град Краснодар, пренесува „Дејл мејл“.

Неговото тело било пронајдено во близина на зграда во Конгресната улица, откако 27-годишниот музичар снимил видеопорака објавена на неговиот канал на Телеграм во која вели дека не сака да убива за никакви идеали и дека „не е подготвен да ги убива своите луѓе“.

Петуњин, кој претходно служел во руската војска и се лекувал во психијатриска болница, им рекол на своите обожаватели: „Ако го гледате ова видео, тогаш јас веќе не сум жив. Гревот на убиства не можам да го ставам на душа и не сакам. Не сум подготвен да убивам за какви било идеали“.


Тој, исто така, се чини се плашел дека делумната мобилизација на Путин наскоро би можела да се претвори во целосен воен рок, поради тврдењата дека Москва планира да повика милион луѓе за да ја спаси неуспешната инвазија.

Повеќе од 194 000 руски граѓани побегнаа во соседна Грузија, на која Русија изврши инвазија во 2008 година, потоа во Казахстан и Финска, а тоа се случи откако Путин најави делумна мобилизација на резервисти за да ги зајакне своите трупи во Украина.

Во подрастични случаи, мажите во Русија прибегнаа кон кршење на екстремитетите за да избегнат да бидат регрутирани, а споменатиот рапер наводно си го одзел животот поради тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот