Руски проектили погодија плинара во Харков, изби голем пожар

Фото: Укринформ

Повеќе руски проектили погодија плинара во округот Изјум на истокот од Украина, објави денеска Олех Синехибов, гувернер на регионот Харков.

-Изби голем пожар, пожарникарите го локализираа, објави Синехибов на својот Телеграм канал, додавајќи дека во нападот се оштетени и други згради.

Претходно денеска, британските воени разузнавачи објавија дека Русија ги засилила своите напади јужно од Изјум во последните 48 часа.

Целта на руските сили, според британските разузнавачи е, да се продре подлабоко во регионот Доњецк и целосно да се опкружи Северодоњецк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот