Руски пратеник: Русија го окупира Херсон засекогаш

Фото EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Русија ќе го окупира Херсон „засекогаш“, изјави руски пратеник при посетата на градот на југот на Украина, пренесува Би-Би-Си.

„Русија е тука засекогаш. Не треба да има сомнеж за ова. Нема да има враќање во минатото“, вели Андреј Турчак во соопштението на неговата владејачка партија Единствена Русија.

Херсон стана првиот украински град што падна во рацете на руските сили пред два месеци, а минатата недела властите објавија дека руската рубља наскоро ќе биде воведена додека се обидуваат да ја нормализираат контролата на Москва.

Во посебна објава на Телеграм, Турчак се сликаше себеси како положува цвеќе на градскиот воен споменик и рече дека во градот се во тек подготовки за прославување на Денот на победата.

„За прв пат по многу години, жителите на Херсон повторно ќе го прослават овој голем празник со нас“, рече тој. „Луѓето долго го чекаа ова“.

Државниот празник е значаен датум во рускиот календар кој ја одбележува победата на земјата во Втората светска војна над нацистичка Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот