Руски пар со „еротски“ настап го стопија мразот! (ВИДЕО)

фото:твитер

Руската двојка во уметничко лизгање Викторија Синитсина и Никита Катсапалов уште еднаш покажа зошто е една од најдобрите светски парови во овој спорт.

Синитсина и Катсапалов на годинешниот Светски куп кој се одржува во Кина дојдоа до првиот златен Гран При.

Второто место му припадна на американскиот пар Медисон Чок и Еван Бејтс, додека со бронза се закити канадскиот пар Лоренс Фурније Бодри и Николај Соренсен.

– Не сме задоволни од нашиот настап. Не беше сè како што треба. Беше тешко, но се боревме заедно до крајот. Се надевам дека наредниот пат (на Купот во Москва) ќе изведеме баш така како што сме тренирале во претходниот период – рече Катсапалов кој и покрај триумфот беше незадоволен.

Но, тоа што привлече поголемо внимание од незадоволството на Никита е нивниот еротски танц на гала вечерта во Кина која публиката го погледна „без здив“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот