Руски пар ги оставил бебињата близнаци сами четири дена и заминале на забава: Едното почина, другото се бори за живот (ФОТО)

Руски пар е обвинет за убиство откако заминале на четиридневен одмор по карантинот за да пијат алкохол, притоа оставајќи ги своите близнаци од 16 недели сами и без храна.

Нивниот син бил во кома и умрел во болница, додека ќерката сега се бори за живот во болница во рускиот регион Камчатка. Близнаците ги пронашла бабата во „тешка и исцрпена состојба“.

Maргарита (23) и Алексеј (35) / Фото: Вконтакте / Дејлимејл

Мајката Маргарита Јанајева (23) ги лажела своите пријатели дека нејзините бебиња се во болница бидејќи заболеле од коронавирусот, се тврди во извештаите. Таа и нејзиниот партнер Алексеј (35) ги оставиле бебињата сами и затворени во куќата додека тие биле четири дена на забава, наведува полицијата.

Мајката Маргарита Јанајева (23) / Фото: Вконтакте / Дејлимејл

– За време на тие четири дена тие не ги хранеле децата и не организирале алтернативна нега за нив, рекол извор од истрагата.

Наместо тоа, тие ги „изложиле на глад, не им обезбедиле потребна хигиена, оставајќи ги малолетниците во опасна состојба“.

Децата на крај биле пронајдени од бабата, која станала загрижена бидејќи не можела да го добие парот на телефон, иако нивниот регион бил во блокада заради коронавирусот. Таа веднаш повикала полиција.

Maргарита (23) и Алексеј (35) / Фото: Вконтакте / Дејлимејл

Парот се наоѓа во притвор и може да добие казна до 20 години затвор, доколку бидат обвинети за убиство на беспомошните деца. Исто така се соочуваат со обвиниение заради пропуст во родителските обврски и изложеност на своите деца на опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот