Руски падобранец загина при скок од хеликоптер: Не му се отвори ниту еден падобран (ВИДЕО)

Рускиот падобранец загина кога не му се отвори ниту еден падобран, по скокот од хеликоптер.

Моментот на трагичната смрт на Михаил Прохоров (35) е забележан од камерата на хеликоптерот.
Руските истражители истражуваат како искусниот падобранец и болничар починал при рутински скок.

Вознемирувачката видео снимка покажува како Прохоров скока од хеликоптерот МИ-8 пред да падне на земја од висина од околу 800 метри. Прохоров умрел на самото место кога удрил на тлото откако не успеал да се отвори ниту главниот ниту резервниот падобран.

Првата истрага покажала дека ремените од резервниот падобран при отварањето се заплеткале во главниот.

https://www.youtube.com/watch?v=ihxHIIVzgB0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот