Филмско апсење на руски новинари и камерман во Минск (ВИДЕО)

Двајца новинари и камерман на руската телевизија Дожд денеска се уапсени во Минск, каде се одржуваат изборите за претседател на Белорусија, објави телевизијата.

Уапсени се новинарите Владимир Роменски и Василиј Полонски, како и камерманот Николај Антипов, јави агенцијата ТАСС.

„Луѓе во цивилна облека со маски на лицето ги принудиле да легнат на земја, а потоа ги однеле во непознат правец”, се наведува во соопштението.

Според претставници на штабот на нерегистрираниот кандидат Виктор Бабарика, сојузник на кандидатката Светлана Тихановскаја, новинарите биле уапсени откако разговарале со неа на улица.

Телевизијата Дожд посочува дека уште во јуни испратила акредитации за своите новинари и дека тие работеле во Минск, чекајќи потврда од белоруските власти. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот