8 C
Скопје

Руски новинар уапсен за оддавање државна тајна: Сафронов шпионирал за НАТО (ВИДЕО)

Во Роскосмос наведоа дека приведувањето на Сафронов не е поврзано со неговата работа во таа корпорација, каде дошол пред два месеци.

Некогашниот новинар, а однеодамна советник на шефот на Руската агенција за вселенски истражувања Роскосмос Иван Сафронов е приведен под обвинение за велепредавство.

Федералната служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека Сафронов издавал тајни податоци на една од специјалните служби на НАТО.

Се наведува дека по налог на службите на НАТО собирал и предавал информации за воено-техничка соработка, одбрана и безбедноста на Русија, кои претставуваат државна тајна.

ФСБ потврди дека против Сафранов е покренато обвинение за државно велепредавство и дека е во тек истражна постапка.

Во Роскосмос наведоа дека приведувањето на Сафронов не е поврзано со неговата работа во таа корпорација, каде дошол пред два месеци.

Руските медиуми, меѓутоа наведуваат дека неговото приведување веројатно е поврзано со написот кој во мај го објавил во Комерсант за испорака на ловци Су-35 на Египет.

Прочитајте и...  Германија ги продолжува ограничувањата поради пандемијата до јануари

Поврзани вести

САД одобрија евентуална продажба на воена опрема и оружје на Хрватска

Илинка Иљоска

ВИДЕО | Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ со неучеството на изброите во Штип покажа лицемерие, страв и бегство од пораз

Слободен печат

Помпео: САД се посветени на заштита на правата на лицата со посебни потреби

И.И.

ВИДЕО | Јакимовски: Со Бугарите не може да се преговара за историја затоа што тие историјата ја толкуваат како сакаат

Слободен печат

ВИДЕО: Кинеската сонда Чанг 5 зема примероци од Месечината и тргна кон Земјата

И.И.

ВИДЕО+ФОТО | Пендаровски: Најисплатлива инвестиција е инвестицијата во образованието

Слободен печат

Остави Коментар