Руски научник открива: Еве колку време после вакцинацијата е потребно да се развие имунитет

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/BIONTECH SE / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Имуниот одговор на новиот коронавирус не се развива пред 32 до 45 дена после вакцинација или максимално 52 дена после, изјави денеска Александар Горелов, заменик директорот за наука на Централниот истражувачки институт за епидемиологија. 

– Знаеме дека антителата не се произведуваат пред да пројдат 32 до 45 дена, додека максималната количина се развива после четири периоди инкубација или 56 дена подоцна, кога сите можеме слободно да дишеме. Меѓутоа, тоа не значи дека можеме да престанеме да ги носиме маските, рекол Горелов, пренесува ТАСС.

Горелов истакнал дека луѓето не треба да се грижат ако од некоја причина го пропуштат датумот на другата доза.

– Тоа не е толку критично, бидејќи светот има информации дека одредени земји ја применуваат вакцинацијата во рок од шест недели. Заради тоа мислам дека времето би можело да биде избрано во овој рок. Веќе сме свесни дека тоа е класичен пример – 30-45 дена меѓу вакцинациите е прифатлива временска рамка, рекол експертот.

Русија на 18 јануари почна масовна вакцинација против коронавирусот. Граѓаните можат бесплатно да добијат една од двете регистрирани вакцини „Спутник V“ или ЕпиВаКорона.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот