Руски научници открија нова опасна мутација на ковид-19

epa-efe
Жена со заштитна маска поминува покрај улична уметност во Москва, инспирирана од пандемијата со коронавирусот во Москва / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Руската Федерална агенција за биомедицина (ФМБА) откри нова мутација на коронавирусот, која е способна да ја намали ефикасноста на лекувањето и превентивните лекови, вклучувајќи ги и вакцините, соопшти денеска агенцијата.

– Руски научници од ФМБА открија нови варијанти на SARS-CoV-2 вирусот. Мутациите се откриени примарно во S протеинот и во доменот на врзување за човечките рецептори. Може да ги промени биолошките својства на вирусот и клиничките знаци на инфекцијата, а може да ја намали и ефикасноста на лекувањето и постојните вакцини, кои се тестирани на претходните видови на ковид-19, наведува ФМБА.

Засега сѐ уште не е познато името на откриената мутација на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот