Руски научници го истражувале Источносибирското море, па забележале нешто што никој порано го нема видено (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Научници од Томскиот политехнички универзитет, заедно со колеги од други руски научни центри и универзитети, соопштиле дека е забележана рекордна емисија на метан во Источносибирското море.

Експерти започнале експидиција која ја водат во источен Арктик. Тие заминале таму за да истражуваат еден дел од Источносибирското море, каде од порано биле откриени гасни фонтани.

Емисијата на гас не ја забележавме само со специајлни инструменти – Научниците и со свои очи можеа да забележат како метанот се крева од морските длабочини.

– Ова е најмоќната фонтана која некогаш сум ја видел. Таа се манифестира со зголемување на концентрацијата на метан во воздухот и до 16 милиони делови, што е девет пати повеќе од просечните планетарни вредности. Никој никогаш не забележал нешто слично – рекол раководителот на експедицијата Игор Семилетов, професор на Томскиот универзитет и дописен член на Руската академија на науки.

Површината на гасната фонтана била од четири до пет метри квадратни. Научниците успеале да земат примероци дури и без да користат специјализирани уреди за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот