Руски кибер напад врз Литванија како одмазда за блокадата на Калининград

Хакери/ Фото: ЕПА

Државни и приватни институции во Литванија се најдоа на удар на голем DDOS напад (негирање на услуга), се наведува во соопштението на литванскиот национален Центар за кибер безбедност, пренесено од тамошното Министерство за одбрана.

„Многу е веројатно таквите или уште посилни напади да продолжат и во наредните денови, особено во транспортниот, енергетскиот и финансискиот сектор”, додаваат од Центарот.

Беа нападнати и безбедните мрежи што ги користат овие институции, се додава во соопштението.

Британските медиуми јавуваат дека руската хакерска група „Килнет” ја презела одговорноста за нападот, објавувајќи дека тоа е одмазда за одлуката на Литванија да го забрани транспортот на руска стока преку нејзината територија до руската ексклава Калининград.

-Нападот ќе продолжи се додека Литванија не ја укине блокадата, изјави портпаролот на „Килнет” за британските медиуми. „Уништивме 1.652 веб-извори. И тоа е само досега”.

Калининград е поврзан со остатокот од Русија со железница преку Литванија, која е членка на Европската унија и НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот