Руски извори: Повторно бомбардирање на областа околу електраната Запорожје во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја посети линијата на фронтот во регионот Запорожје / Фото: EPA-EFE/PRESIDENTIAL PRESS SERVICE

Областа околу нуклеарната централа Запорожје денеска повторно беше цел на артилериски напади, изјави проруски функционер, обвинувајќи ги украинските сили за нападот.

„Активистите на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски повторно ја нападнаа нуклеарната централа во Запорожје”, напиша на Телеграм Владимир Рогов, член на проруската администрација инсталирана од Русите во тој дел на јужна Украина.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

Фабриката веќе беше цел на воздушни напади минатата недела, што ја зголеми загриженоста на меѓународната заедница.

Вечерва Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во Украина, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за бомбардирање на тоа место.

Најмалку 14 лица загинаа во неодамнешните воздушни напади во близина на нуклеарната централа Запорожје, која беше преземена од руските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот