Руски хакери упаднаа во софтвер на лондонска златарница, Бекамови, Опра Винфри и Том Хенкс се „мета“ на нападот

Бекам, Винфри, Хенкс

Руска хакерска група, наводно, добила пристап до лични податоци на филмски ѕвезди, светски лидери и милијардери со хакирање на ексклузивната лондонска златарница, компанијата за накит „Граф“.

златарница Граф
Bhandol / Alamy / Alamy / Profimedia

Десетици личности од таканаречената „А“-листа беа цел на масовните хакерски напади. Хакерите објавија голем број чувствителни податоци кои се однесуваат на Опра Винфри, Доналд Трамп, Дејвид Бекам и многу други познати личности.

Oткако се случи кражбата, тие веќе „пуштија“ преку 60.000 доверливи документи на „darkweb“ страниците, пренесува Sun.

Криминалците на руската озлогласена хакерска банда наречена „Конти“ се осомничени дека стојат зад оваа кражба. Се смета дека тие бараат десетици милиони фунти како пари за откуп.

Меѓу ограбените и оштетени клиенти, веќе има околу 600 британци, меѓу кои и наследничката на Формула 1, Тамара Еклстоун и поранешниот фудбалер Френк Лампард.

Супер-богатите личности се мета на хакерите

Лондонски „Граф“ соопшти дека ги информирал сите оние чии лични податоци биле достапни.
Портпаролот на Канцеларијата на комесарот за информации, кој може да одреди парични казни и до четири проценти од приходите на компанијата, рече

„ Примивме извештај од оваа компанија во врска со нападот на софтверот. Ќе ја контактираме организацијата, за да поставиме дополнителни прашања во врска со информациите што се обезбедени“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот