Руски хакери постојано го напаѓаат Мајкрософт: „Не им е цел саботажата, знаеме што сакаат“

Фото: МИА

 Мајкрософт откри дека голем број американски компании и компјутери биле изложени на руски сајбер напади, пишува Ел Паис.  

Потпретседателот на Мајкрософт, Том Бурт, тврди дека ова е истата група хакери зад инцидентот на „SolarWinds“ во 2020 година, кога успеале да го модифицираат софтверот на илјадници компјутери и на тој начин ги откриле податоците на 18.000 корисници.  

САД сметаат дека се работи за луѓе кои се дел од руската разузнавачка служба. Наводно, станува збор за шпионажа во потрага по тајни информации, а не за саботажа.  

Русија го возвраќа ударот 

Мајкрософт признава дека хакерите извршиле 22.868 напади во периодот од 1 јули до 19 октомври, кои, за среќа, биле доста неуспешни. Контроверзните напади ги погодија Соединетите Држави само седум месеци откако американскиот претседател Џо Бајден најави санкции кон Русија за нападот и само две недели по состанокот меѓу САД, Европската унија и околу 30 земји за сајбер безбедноста. Русија не беше поканета на состанокот. 

Вашингтон во април воведе санкции кон Москва поради наводно мешање во претседателските избори во САД во 2020 година. Експертите, кои учествуваат на годишната конференција за сајбер безбедноста, сметаат дека техниките што ги користат хакерите не се софистицирани и дека таквите напади лесно се спречуваат.  

Бурт смета дека овие напади укажуваат на тоа дека Русија се обидува да добие систематски и долгорочен пристап до технологијата за да може да ги следи податоците од интерес. 

Џо Бајден и Владимир Путин / Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот