Руски хакери маскирани како Иранци изведуваат сајбер напади

Foto: EPA/RITCHIE B. TONGO

Руска хакерска група користела ирански алатки и компјутерска инфраструктура за да се добие погрешен впечаток дека зад нападите стои Иран.

Нападите бие насочени кон Блискиот исток, а на нивна мета се наоѓале и цели во Велика Бртианија.

Хакерите ја користиле иранската операција за сајбер шпиунажа со која напаѓале владини и индустриските организации во дваесетина земји.

Оваа операција имала за цел да се добие погрешен впечаток дека Техеран изведува хакерски напади врз британски и саудијски цели.

Руската хакерска група позната под името,,Тула” , во последниве 18 месеци успешно извела неколку стотици напади врз повеќе од 20 држави. Естонските и Чешките власти обвнија дека зад оваа хакерска група стои Руската државна безбедност.

Американската Национална безбедносна агенција и британскиот Национален центар за сајбер безбедност повикаа на поголема внимателност и дополнителна заштита од хакерските напади.

Иако засега нема докази за поврзаноста на оваа организација со нападите, САД и Лондон не исклучуваат дека сајбер операцијата е координирана од Москва.

Москва и Техеран досега на неколку пати ги отфрлија обвинувањата, тврдејки дека нападите доаѓаат од западните земји, кои сакаат целата вина да ја префрлат врз Иран и Русија.

САД и западните сојузници ги ставаат Русија ,Иран Кина и Северна Кореја како група земји кои преставуваат најголема закана за сајбер просторот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот