Руски хакер: Украина остана без затворени комуникации еден ден

хакерски напад
Фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Поради кибер нападот во март, украинските власти ги загубија затворените комуникации и можноста за користење на интернетот 24 часа, изјави денеска хакер од руската група РаХДлт.

„На почетокот на март оневозможивме повеќе од 700 веб страници на украинските државни органи, практично целиот владин интернет. Ги исклучивме и тие не можеа да се борат против нас. Така, за еден ден, сите државни органи и сите сервери беа исклучени“, рече тој.

Според него, хакерите ги исклучиле и сите сервери за електронска пошта.

„Тоа подразбира губење на контрола, губење на врската, немаше затворени канали за комуникација, пренос на информации во текот на 24 часа и тоа беше силен удар за нив“, изјави неименуваниот хакер.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот