Руски хакер им ровари на Американците, нудат 10 милиони долари за добра информација

Фото: searchenginejournal.com

Американскиот Стејт департмент преку програмата Награда за правда денеска распиша потерница за рускиот хакер Евгениј Викторович Гладких со награда во висина од 10 милиони долари за информација што ќе води кон негово апсење. 

Ова е првпат да се нуди награда за информација за само еден кибер играч, а во рамки на понудите за награда од делот за критична инфраструктура на програмата, велат од Стејт департментот.

 -Од мај до септември 2017 година компјутерскиот програмер Гладких и други заговарачи, вработени од водечка истражувачка организација при Министерството за одбрана на Русија, хакирале во системите на една рафинерија лоцирана во САД и инсталирале штетна програма дизајнирана да спречи функционирање на рафинериските системи за безбедност, а на тој начин да не се забележи тоа, се вели во соопштението. 

Се додава дека од февруари до јули 2018 конпсираторите разгледувале да нападнат слични рафинерии во САД во сопственост на американски компании, но безуспешно. 

Гладких ги извршил овие штетни кибер операции како вработен на Централниот научно истражувачки институт за хемија и механика (ЦНИИКМ) при руското Министерство за одбрана. 

Се наведува дека како актер кој дејствувал под директива на странска влада и направил штетни кибер активности против критична инфраструктура на САД, Гладких потпаѓа под американскиот закон за компјутерска измами и злоупотреби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот