Руски фудбалер не сакал да клекне пред натпревар, добил отказ од американска екипа

epa08822786 Jason Denayer (2-R) of Belgium takes a knee in support of the Black Lives Matter movement before the UEFA Nations League soccer match between Belgium and England in Leuven, Belgium, 15 November 2020. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Еден од симболите на движењето „Black Lives Matter“ клечењето за време на интонирањето на химната на САД како еден вид на борба против расната нееднаквост. Но, не сите спортисти се согласуваат на овој чекор.

Во англиската Премиер лига клечењето пред почетокот на натпреварите станаа вообичаена пракса, но во Формула 1 поголем број на возачи одбија да клекнат пред стартот на трките.

Во САД, клечењето е речиси задолжително, а доколку не се почитува следи суспензија или отказ.  Валериј Сарамутин, руски фудбалер кој е роден во САД, поточно во Њу Џерси, е вистински пример за тоа бидејќи доби отказ од второлигашот Остин.

Не сакав да клекнам, а во клубот имаа прашања за мене поради тоа. Тренерот ми рече дека треба да размислам за својата постапка, претседателот ми кажа дека тоа е израз на респект, а јас одговорив дека не разбирам зашто тоа мора да се прави – изјави Сарамутин за рускиот „Спорт Експрес“.
Оттогаш тој не одигра ниту еден натпревар за Остин, а потоа клубот го суспендира и неодамна му врачи отказ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот