Руски дронови – камикази: Сами ја наоѓаат целта, ја идентификуваат и ја уништуваат (ВИДЕО)
Сите овие летала ќе бидат во составот на руските борбени роботизирани системи.
Руската војска располага со голем број „дронови – камикази“ кои можат да уништат десетина непријателски цели на фронтовската линија и на неговата тактичка длабочина, наведуваат од Националниот центар за развој на технологии и базични елементи на роботика во рамки на дондот за перспективни истражувања.
Олег Мартјанов, раководител на Центарот, објаснува дека ударните минијатурни беспилотни летала ќе имаат способност самостојно да уништуваат цели. Тие дронови ќе можат да се користат и како извидница.
Сите овие летала ќе бидат во составот на руските борбени роботизирани системи, пренесува „Руски збор“.
– Тоа се мали ударни беспилотни летала кои ќе имаат способност да избегнат средба со потенцијални закани. Овие дронови ќе бидат во состојба самостојно да ја воочат целта, да ја идентификуваат и по потреба, да ја уништат, истакнува рускиот експерт.
Модулот на беспилотните летала им овозможува лансирање во автоматски режим на работа.
Втора варијанта на дроновите кои ги развиваат руските специјализирани научно-истражувачки институти ќе бидат нешто „покрупни“.
Овие летала, во основа ќе бидат наменети за мапирање, пребарување и одредување на целите како и изработка на тродимензионални мапи на теренот.
Двата типа беспилотни летала влегуваат во основната опрема на копнениот роботизиран систем „Маркер“. Таа борбена платформа е показен демонстратор на новите технологии.
„Маркер“ е направен врз модуларен принцип со откриена информатичка архитектура.
Една од главните карактеристики на овој проект е соработката на борбениот робот со „ројот“ беспилотни летала кои формациски се организирани по групи.