Руски дронови го нападнаа Киев, нападот траел повеќе од пет часа!
Русија рано утринава го нападна Киев во неколку серии со беспилотни летала, а украинската противвоздушна одбрана успешно ги спречила нападите, кои траеле повеќе од пет часа, соопшти украинската војска.
Сите беспилотни летала што Русија ги лансираше во Киев се или уништени или неутрализирани со електронско оружје, изјавил Серхи Попко, командант на одбраната на Киев.
Според првичните информации, во нападите немало жртви или материјална штета. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека остатоците од еден од дроновите паднал врз станбена зграда и дека службите за итна помош веднаш излегле на терен.
Украинските воздухопловни сили објавија дека собориле 67 од 73 беспилотни летала и една од три проектили.
Гувернерот на регионот, Руслан Кравченко, изјави дека нема оштетувања на клучната или станбената инфраструктура во областа околу Киев. Нападите предизвикаа пет пожари во исто толку области во регионот, но немало жртви. Во нападот бил предизвикан пожар во фабрика во овој јужен регион.
Русија започна серија воздушни напади врз Киев и Украина во текот на септември, насочени кон нејзината енергетска, воена и транспортна инфраструктура и убивајќи десетици цивили.