Луѓе вработени во руската амбасада во Кабул се здобиле со полесни повреди при вооружен напад, експлозија во близина на комплексот на амбасадите, пренесува РИА Новости.
Според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, експлозијата е предизвикана од активирање на импровизирана експлозивна направа.
Од првичните проценки, цел на терористичкиот напад може да било возило пикап на авганистанските безбедносни сили што се движеле пред дипломатско возило. Сепак, не може да се исклучи можноста руски граѓани да биле цел на терористички напад, наведува агенцијата.