Руски брод задржан во Полска, пијаните членови на екипажот за малку ќе го насукале

Рускиот брод „Руслана“ / фото: Nachete Muccio / Marinetraffic.com

Поморската канцеларија на полскиот град Гдањск денеска соопшти дека вчера бил задржан рускиот брод „Руслана“, откако тој се движел кон плажата на островот Собјешево, вон одредената навигациска рута и за малку ќе заринкал, јавуваат локалните медиуми.

Во последен момент била избегната несреќа, откако Крајбрежната стража реагирала и го одвела бродот на сигурно.

По проверката на бродот од страна на полскиот Државен инспектор на поморската канцеларија и граничарите, утврдено е дека повеќе членови на екипажот, меѓу кои и капетанот, биле пијани.

Бродот испловил од литванското пристаниште Клајпеда. Полските служби забележале дека тој наеднаш завртил кон брегот и се движел со голема брзина, напуштајќи ја утврдената рута. Членовите на екипажот не реагирале на предупредувањата од брегот.

Бродот бил запрен на само неколку стотици метри од плитката вода во која би се насукал, соопштија полските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот