Руски бомбардери способни да носат нуклеарни бомби видени во база близу Финска, алармира Израел

Руски бомбардери Ту-95 на парадата по повод Денот на победата во 2020 година / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Израелската разузнавачка фирма ImageSat International (ISI) открила „нередовно присуство“ на руски стратешки бомбардери ТУ-160 и ТУ-95 распоредени во воздухопловната база Олења во близина на Финска, пишува „Jerusalem Post“

Според сателитски снимки направени од фирмата, четири бомбардери ТУ-160 биле забележани на 21 август и три ТУ-95 на 25 септември. На 12 август, во базата немало стратешки бомбардери.

Фото: Jerusalem Post

„Преку тековните модели, системот укажува дека воздушната база Енгелс е можната појдовна точка на стратешките бомбардери откриени во воздухопловната база Олења“, се вели во извештајот.

Во воздухопловната база Енгелс се сместени единствените руски стратешки бомбардери стационирани во близина на Украина, а таа е и домашна база за 121-от авијациски полк за тешки бомбардери (121 TBAP) што лета со ТУ-160 и ТУ-95.

Бомбардерите, способни да носат крстосувачки ракети и стратешко нуклеарно оружје, се активни во украинската војна по инвазијата на Москва во февруари, пишува „Jerusalem Post“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот