Руската убавица сака пред суд да докаже декa малезискиот крал е татко на нејзиното дете
По разводот, русинката Оксана Воеводина не се откажува од тврдењето дека бившиот крал на Малезија е татко на нејзиното дете. Таа бара султанот Мухамад да го признае нивниот син Исмаил Леон, па одлучила да го изведе и пред судот во Москва.
Наводно султанот не сака да признае дека му е татко на детето, па Оксана сака судијата да го натера да направи ДНА-тест, пишуваат британскитѕе медиуми.
„Не треба ништо никому да докажувам бидејќи Леон е негов син, роден во брак и беше планирано и посакувано дете. Личи на татко му и има азијатски црти на лицето. Го сакам најмногу на светот и многу сум горда на него“, изјавила Оксана за Мејлонлајн.
Од палатата на султанот тврдат дека неговата бивша сопруга само го искористила нивниот владетел сакајќи да извлече од него што повеќе пари.