Руската ТВ-ѕвезда Ана (26) пронајдена мртва во хотелска соба во Москва! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Телото на тв-ѕвездата и инфуленсерка, Ана Амбартсумјан (26) е порнајдено утрово во луксузниот хотел „Петар Први“ во Москва.

Станува збор за славниот тв-психилог кој ги решаваше интимните проблеми на Русите, се дружеше само со богати, а како што се шпекулира, немала така „чист“ живот.

Фото: Инстаграм

Нејзиниот живот трагично заврши, а телото е пронајдено од вработените во хотелот, кои веднаш ги известиле надлежните органи.

Според полициските извештаи, несреќната девојка осум часа пред да биде пронајдена, била веќе мртва.

Покрај нејзиното тело била пронајдена само Прада торбичка и црн фустан…

Фото: Инстаграм

За популарноста на Ана говори и фактот дека нејзиниот профил на Инстаграм има 370.000 следбеници, а иако била психилог по професија, за себе тврдеше дека е видовита.

– Можам да кренам били кого од колена – зборувала таа, а тоа очигледно им се допаднало на богатите Руси, кои и подаруваа вредни работи и скапоцени автомобили.

Фото: Инстаграм

Иако била мажена за богат човек, Ана била во големи долгови, открил нејзиниот адвокат.

Неа постојано ја барале поради тие долгови, а кобната вечер во апартманот влегол засега непознат маж, по кого полицијата трага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот