Руската православна црква предлага да се запре попрскувањето со света вода на борбени авиони и бродови

Русите честопати бараат од свештениците да благословат нешто – од нови автомобили и станови до вселенското летало Сојуз, со верба дека гестот дава божествена заштита.

Руската православна црква предложи да се запре практиката на свештениците да благословуваат оружје за масовно уништување, иако попрскувањето со света вода на авиони и бродови се уште се смета за соодветно.

Црквата објави нацрт-документ во кој е опишана неговата улога во благословувањето на православните христијани кои „ја бранат Татковината” и „ја исполнуваат својата воена обврска” со покана до корисниците на интернет да разговараат за предлогот онлајн.

Русите честопати бараат од свештениците да благословат нешто – од нови автомобили и станови до вселенското летало Сојуз, со верба дека гестот дава божествена заштита.

По распадот на Советскиот Сојуз, свештениците, исто така, започнаа да благословуваат војници, авиони и бродови и секаков вид оружје, од калашникови до балистички ракети Искандер.

Сепак, документот РПЦ предлага „да се отстрани од свештеничката практика” благословот на кој било вид оружје  што може да доведе до неопределен број смртни случаи, вклучувајќи оружје за масовно уништување.

Во исто време, останува „соодветно” да се „благослови транспортот што го користат војниците на копно, вода и во воздух”, се вели во нацрт-документот.

Руската војска воспостави поблиски врски со РПЦ откако министер за одбрана е Сергеј Шогу, кој исто така  надгледуваше изградба на катедрала за руските сили надвор од Москва.

Таа треба да се открие на 9 мај – 75 години по победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија.

Од 2010 година, во војската се воведени свештеници вклучително и „летечки” оддел што може да располага со подвижни параклиси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот