Руската полиција извршила претрес во станови на соработници на најголемиот противник на Путин – Слободен печат
ВестиПланета

Руската полиција извршила претрес во станови на соработници на најголемиот противник на Путин

Како што пренесува истиот извор, сите претреси се поврзани со истрага за „перење на пари“, во организација на Навални, која се занимава со сузбивање на корупција.

Руската полиција денеска направила десетици претреси во дел од земјата насочени против соработниците на политичкиот противник на Кремљ, Алексеј Навални, кој летово бил вмешан во големите протести поврзани со изборите, истакнале активисти.

Полицијата интервенирала во шест градови

– На пописот на местата на кои е извршен претрес веќе има 29 градови и повеќе од 80 адреси – објави на Твитер Леонид Волков, соработник на Навални.

– Во претресот не се опфатени само станови и уреди на соработници туку и станови на волонтери – додал тој.

Како што пренесува истиот извор, сите претреси се поврзани со истрага за „перење на пари“, во организација на Навални, која се занимава со сузбивање на корупција.

Истрагата е отворена уште кон почетокот на август кога во Москва се случуваа многу протести против исклучување на опозициските кандидати од кампањата за локални избори.

На изборите одржани во неделата, кандидатите кои ја поддржуваат владата во Москва претрпеа тежок пораз, губејќи речиси третина од местата во споредба со претходниот пат.

Навални, кој по тие протести е осуден на 30 дена затвор, активно повика на учествување во протести какви што не се видени од 2012 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close