Руската Пацифичка флота изврши воздушни маневри

Авијацијата во состав на руската Пацифичка флота денеска изврши маневри со противподморнички авиони од типот ТУ-142М3 над Беринговото и Чукотското море, соопшти службата за односи со јавност во источната воена област.

„Денеска, на 26 јануари, два подводни авиона од типот ТУ-142 од составот на морнаричката  авијација на Пацифичката флота (Русија) извршија редовна мисија над Беринговото и Чукотското море. Мисијата траеше повеќе од 11 часа, за време на кои авионите поминаа преку 8.000 километри “, се наведува во соопштението.

Како што пренесува ТАСС, во меѓувреме, Здружената команда за противвоздушна одбрана на САД и Канада (НОРД) соопшти дека два руски ловци ТУ-142 влегле во зоната за противвоздушна одбрана на Алјаска. 

Како што претходно соопшти Министерството за одбрана на Русија, екипажот на противподморничките авиони ТУ-142 на Пацифичката флота продолжува со праксата на долги летови во важни области на Атлантскиот и Арктичкиот океан.

„Сите летови се во строга согласност со меѓународните правила и договори за употреба на воздушниот простор, без нарушување на границите на другите земји”, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот