Руската морнарица можеби се подготвува за „Големо враќање“
Руската морнарица продолжува да ги унапредува своите поморски способности и покрај долготрајното отстранување на нејзиниот водечки носач на авиони, Адмирал Кузњецов. Во понеделникот, морнарицата го пушти во употреба Амур, шестата ракетна корвета од класата Каракурт од проектот 22800, пренесува „Nationalinterest“.
Овие мали, но моќни пловила, дизајнирани од Централното биро за поморски дизајн Алмаз, се вооружени со крстосувачки ракети Калибр-НК или Оникс и топ АК-176МА од 76,2 мм.
Корветите од класата Каракурт се дизајнирани за операции во кои можат да целат кон непријателски стратешки објекти и површински објекти. Првично беа планирани во употреба да бидат пуштени 18 бродови, но овој број е намален на 16.
Водечкиот носач на авиони на руската морнарица „Адмирал Кузњецов“ не е во функција, бидејќи во моментов е подложен на ремонт што се врши повеќе од половина деценија, а се поставува и прашањето дали носачот воопшто би можел повторно да се врати на отворено море.
Сепак, руската морнарица го продолжи своето заживување, со фокус на помали, но сепак високо способни бродови.
Бродовите од класата Каракурт дизајнирани од инженерите на Централното биро за поморски дизајн Алмаз ја отелотворуваат моќта на ударното оружје и високите карактеристики на морска способност“, велат дел од познавачите.
Според нивните толкувања овие бродови ќе го дадат својот голем придонес во зајакнувањето на борбениот потенцијал, дејствувајќи во површинската компонента на руската морнарица.
Ракетните корвети од од оваа класа беа дизајнирани од Централното биро за морски дизајн Алмаз во Санкт Петербург за да се вклучат во уништување на стратешките објекти на непријателот, вклучително и околу крајбрежната одбрана и морските инсталации.
Бродовите беа наменети да послужат како поплодно дополнување на корветите од класата Бујан-М на руската морнарица кои оперираат во приморските зони.
Овие корвети можат да таргетираат непријателски површински цели и да преземат акции при различни закани дури и при одбивање на непријателски воздушни напади.
Државните медиуми наведоа дека бродовите од овој тип имаат погон со кој можат да одржат максимална брзина од 30 јазли, и со капацитет на крстарење од 12 дена и домет од 2.500 милји.
Со бродовите управува екипаж од 39 морнари и офицери.