Руската инвазија на Украина би резултирала со голем број жртви

Генерал Марк Мили/ Фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Водечкиот американски генерал Марк Мили изјави дека евентуалната руска инвазија на Украина би била „страшна” и ќе доведе до голем број жртви.

Мили ја опиша, како што рече, акумулацијата на 100.000 руски војници во близина на украинската граница како најголема од Студената војна, објави Би Би Си.

Сепак, министерот за одбрана на САД, Лојд Остин вели дека конфликтот може да се избегне со помош на дипломатија.

На вчерашната прес-конференција во Пентагон, Мили истакна дека големиот број руски војници на границата со Украина значи дека нападот би имал сериозни последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот