Руската фитнес-„библија“ со пофалби за липосукциската исхрана: Како да загубите килограми со протоколот ЛИПО за еден месец

olga lapina
Фото: Промо

Највлијателното руско фитнес-списание „Ворлд клас“ (World Class), објави позитивна рецензија за методот за слабеење Неинвазивна липосукција (Noninvasive Liposuction)! Магазинот го уредуваат водечки руски експерти од областа на здравјето, спортот и исхраната, кои дадоа позитно мислење и препораки за липосукциската исхрана.

Ако сакате да го загубите вишокот килограми, нема потреба да се грижите – тука е ЛИПОСУКЦИСКАТА исхрана. Доказ за ова е приказната на Олга Лапина, долгогодишна членка на „Ворлд клас“, објавена во руската „библија“ за фитнес и здрава исхрана.

– Мојата трансформација започна кога се сретнав со нутриционистката Лариса Рогожина, која ми помогна да ослабам 16 кг. Веќе 20 години се обидував да ослабам, пет-шест пати бев на различни диети. Годинава, по препорака на Лариса и мојот фитнес-тренер, ја испробав програмата „липо-диета“, со која за три месеци се ослободив од вишокот килограми. Зошто ми се допадна протоколот „липо“? Затоа што сите изгубени килограми се масти и вода, односно мускулната маса останува иста. Ова е голем успех. Но, важно е да останете доследни на протоколот. Првиот циклус за слабеење трае само две недели. Отпрвин, наместо појадок и ручек, користите кесички, од кои секоја има само 50 калории – Олга Лапина го раскажува своето лично искуство и продолжува:

– Во кесичките има прашок што се меша со вода додека не се добие конзистентност на желе. Покрај тоа, се земаат капсули со потребната листа на витамини. Тоа е за појадок и ручек. Вечерата треба да биде чисто протеинска: месо или риба со зеленчук, на пример, и да започне не порано од 18 часот. Морам да кажам, навистина се радував на вечерата – навистина сакав да имам обилен оброк. Патем, алкохолот треба сосема да се исклучи. Но, црно кафе може да се пие во неограничени количини. По две недели, прашоците се
заменуваа со протеинска исхрана која мора да се следи уште две недели. После овој период, можете да додадете јагленохидрати, но само наутро.

Олга раскажува дека за неа најтешкиот дел од целата оваа приказна било целосното исфрлање на алкохол. Околу 16, 17 часот, како што вели, почнувала да си мисли на храната во која набргу ќе ужива и со нетрпение ја чекала вечерата.

– Сега, сакам да почнам со липосукциската програма по вторпат. Целта е да изгубам уште десет килограми. Кога ќе ослабнете, веднаш сакате да си купите куп нови фустани, но што е најважно, ви станува полесно да се движите, дишете, стоите… – искрена е Олга.

Коментар од Лариса Рогожина, нутриционист од „Ворлд клас“

 

ЛИПО (неинвазивна липосукција) е безбеден европски метод за слабеење и единствен метод на диетотерапија со кој мастите на телото се користат како извор на енергија. Програмата е дизајнирана за еден месец и поделена е во две фази. Првата трае 14 дена и ви овозможува да ја намалите тежината за 10%.

Во текот на денот, се консумираат шејкови базирани на растението коњак и капсули со аминокиселини, за вечера готвиме месо, живина, риба или морска храна со зеленчук во каква било форма. Вториот (15-28 ден) е фаза на стабилизирање на резултатот. Во овој период, треба да се придржувате до таканаречената медитеранска диета. Доколку е потребно, протоколот може да се повтори. Протоколот импресионира со својата едноставност и ефективност – од првиот ден резултатот го гледаме и на вагата и на облеката. Обемот и килограмите се намалуваат на дневно ниво. Протоколот е лесен за следење, без оглед на начинот на живот. Додека сте на ЛИПО, можете да посетувате ресторани, не мора да се откажувате од омиленото кафе и чај!

Олга е во право: корекцијата на тежината секогаш бара работа на себе, излегувајќи од зоната на удобност. Со липосукциската исхрана се отстрануваат некои лоши навики, ритуали, па дури и засекогаш ги оставаме во минатото. Се здобиваме со ново искуство и желба да направиме нешто за нас, да се придвижиме понатаму во позитивна насока. Олга во ЛИПО програмата се снајде брилијантно, имаше одлични резултати уште од првиот ден, а имаше и голема енергија за работа. Ја следевме и динамиката во однос на формирањето на телото. Убаво е да се видат вакви резултати и желба да се оди понатаму!

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот на „Интернешнал хелт“ Македонија (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот