Руската Дума го одобри Законот за воведување на заменик претседател на Советот за безбедност

Предлог-законот беше доставен до Државната Дума на разгледување од страна на рускиот претседател Владимир Путин на 16 јануари.

Руската државна Дума денеска го одобри нацрт-законот за воведување на функцијата заменик претседател на рускиот Совет за безбедност.

Според нацрт-законот, рускиот претседател го назначува и разрешува заменикот-претседател на Советот за безбедност и ги определува неговите овластувања, се вели во соопштението на официјалната веб-страница на Дума.

Како што е наведено, оваа функција може да ја вршат руски државјани кои немаат државјанство на друга земја или дозвола за престој. Предлог-законот предвидува заменикот претседател на Советот за безбедност да биде постојан член на тоа тело.

Предлог-законот беше доставен до Државната Дума на разгледување од страна на рускиот претседател Владимир Путин на 16 јануари. Истиот ден, тој со декрет ја воведе функцијата Потпретседател на Советот за безбедност и го назначи поранешниот премиер Дмитриј Медведев на таа функција, ослободувајќи го од претходните должности.

Советот за безбедност на Русија е консултативно тело на рускиот претседател кое ја развива и координира национална политика од областа на националната безбедност и донесува соодветни одлуки за шефот на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот